Човек преправен во инвалид фрлил торта на „Мона Лиза“ во Лувр/ВИДЕО

221

Посетителите на најголемиот француски музеј, Лувр, останаа запрепастени кога маж во инвалидска количка се обиде да ја оштети познатата слика „Џоконда“, попозната како Мона Лиза, на Леонардо да Винчи.

Тортата што ја фрлил сепак заврши на заштитното стакло.

Сторителот бил човек со перика, кој одеднаш станал од инвалидската количка, според изјавите на очевидци, се приближил до сликата и фрлил торта кон неа.

Чуварите побрзале да го исфрлат човекот од собата, но тој мирно излегол. Посетителите продолжиле да снимаат, а видеата се појавија на социјалните мрежи.