Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и неговиот бугарски колега Григор Димитров имаа интересен и смешен разговор пред почетокот на третиот грен слем турнир сезонава – Вимблдон.

Шпанските и бугарските тенисерки добро се забавуваа во онлајн разговорот, а се осврнаа и на темата за тренерот.  Бугаринот го праша Рафа што планира да направи кога ќе го закачи рекетот на клинец.

-Хипотетички кажано, кога ќе ја завршиш кариерата, за десет години… Јас ќе ти се јавам и ти велам: „Рафа, можеш ли да одиш со мене на три турнири на земјена подлога?“, праша Димитров, на што Шпанецот низ смеа одогвори:

„Навистина сум многу скап човеку“,.

Но, ваквиот одгвор на Шпанаецот, воопшто не го потресе Димитров.

-Ќе ти платам два турнира, но на третиот ќе треба да дојдеш без да ти плата, додаде Бугаринот.

-Не знам дали ќе можам да ти помогнам, но секако дека ќе дадам се од себе да ти помогнам. Но, ако ја освоиш титулата – ќе имаме голема забава. Тоа е единственото барање што го имам, беше јасен Рафа.

Шпанецот е во центарот на вниманието пред почетокот на Вимблдон, а последен кој зборуваше за победникот на Австралија опени Ролан Гарос, беше неговиот сонародник Роберто Баутиста Агут

-Надал е фаворит на секој турнир. Работеше напорно на состојбата на своето тело. Нормално е дека трпи многу болки и непријатни ситуации. Рафа е тенисер кој ги надмина границите на нормалата. Тој веројатно има најголема способност да се жртвува и да ги надмине тешките моменти, објасни Баутиста Агут.

Вимблдон започнува на 27 јуни, а на овој турнир шпанецот два пати го подигна пехарот во 2008 и 2010 година.