Ракометарите на Вардар ја добија првата битка за титулата во домашното првенство, откако во „СЦ Јане Сандански“ во првата пресметка од плејофот со најголемиот конкурент за титулата, тимот на Еурофрм Пелистер славеа со 31:24.

Со по седум погодоци најдобри на паркетот беа Филип Талески и Дејан Манасков, додека кај пелистерци се истакна Жарко Пешевски со пет гола.

Сепак, натпреварот падна во сенката на инцидетот кој го направија навивачите на двата тима. Немилите настани започнаа откако „Чкембарите“ фрлија факели во делот каде што се наоѓаше мирната и неутрална публика, а потоа и „Комитите“ влетаа на теренот и почнаа да фрлаат со сè и сешто по гостинските навивачи.

Ова беше голем пропуст на организацијата на мечот, безбедносните сили реагираа многу бавно и на тереснот се случи тотален хаос кој траеше нешто повеќе од 10 минути, а целиот натпревар беше прекинат на половина час.

Во салата навивачите успале да внесат пиротехника, факели и тврди предмети, а на стартот од мечот голманот на Е. Пелисер, Урбан Лесјак беше удрен со паричка по глава, но за среќа не се здоби со посериозна повреда.