Меган Маркл во последните неколку месеци не е баш омилен член на британското кралско семејство.

Од почетокот на нејзината врска со принцот Хари, Меган ја следеа скандали и испади во јавноста од нејзиното семејство кои и го загорчија животот. По медиумите ја исплукаа полубратот Томас, полусестрата Саманта и татко и Томас.

Е, сега, се огласи и чичко и Мајк Маркл кој исто така нема убави зборови за внука си.

Мајк Маркл е влијателен американски дипломат кого јавноста до скоро воопшто и не го знаеше. Според него, Меган сакала тој да и помогне да изгради кариера на политичарка.

-Преку врски и средив да стажира во Аргентина, со што сега најмногу се гордее. Татко и цел живот ја третираше како принцеза, а сега таа се откажува од него, вели Мајк Маркл за Дејли мејл.

Тој додава дека внука му секогаш чувствувала комплекс на пониска вредност оти потекнува од работничко семејство.

-Од сите се откажа кога се качи на општестените скалила. Едноставно, не е дорасната за улогата во која се најде. Препотентна е и надуена, вели Мајк кој смета дека Меган е скарана со кејт затоа што, како што вели, таа секогаш сака се да е по нејзино.