Чистење и дезинфекција на секоја улица низ населбите во Чаир

33

Од вчера и во наредните денови, службата на Општина Чаир за одржување на јавната чистота заедно со ЈП “Комунална Хигиена” и екипата на Друштвото на Доброволни Пожарникари “Бајрам Мифтари” ќе се погрижат за миењето и дезинфекцијата на сите секундарни улици на територија на општината.

Оваа акција започна со улиците во населба Гази Баба. Градоначалникот Ганиу им се заблагодари на сите работници за нивниот ангажман во доцните вечерни часови кои придонесуваат во заедничката мисија за чисти и безбедни јавни површини во служба на здравјето на граѓаните.