Чили со мисиркино

177

Како што се доближуваат посвежите, есенски вечери така треба да се размислува и на прилагодување на секојдневното време. А тоа е вистинско време за воведување на храна која што ги храни еднакво и душата и телото, храна која грее до таа мера што се растопувате како сладолед во лето од милина. Зошто да воведете едно чили во вашето зимско мени, и тоа здраво, полно со вистински здрави протеини. Совршено зачинето и богатно со многу растителни влакна.

Потребно е:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 кромид
  • 3 чешниња луk
  • 1 црвена пиперка
  • 450 г фино мелено мисиркино или пилешко месо
  • 1 конзерва исечкани домати
  • 11/4 чаши пилешки бујон
  • 4 лажици чили во прав
  • 2 лажици мелен ким
  • 1 лажица суво оригано
  • 850 г црвен грав, исплакнат и исцеден
  • 400 г слатка пченка
    За преку готовото јадење:
  • Авокадо, тортиља чипс, кисела павлака, магдонос, рендан кашкавал

Приготвување
Во големо тенџере ставете масло и загрејте го на умерен оган. Додадете ги кромидот, лукот и црвената пиперка и пропржете ги 5-7 минути, мешајќи често. Додадете го мелено мисиркино месо, готвејќи го додека да ја изгуби розовата боја. Потоа додадете го чилито во прав, кимот, ориганото кајенскиот црвен пипер и солта, мешајте 20-ина секунди.
Потоа додадете ги доматите, пилешкиот бујон, гравот и пченката. Откако ќе зоврие, намалете ја температурата и крчкајте 30-45 минути, или додека гравот не се згусне и сите вкусови се обединат. Готовото чили со мисиркино гарнирајте го со додатоци по желба – тортиља чипс, парчиња, авокадо, павлака – за што и да се одлучите, чилито ќе биде превкусно.