Чикаго: Анонимен добротвор сместил бездомници во хотел

140

Анонимен добротвор се понудил да им плати хотелско сместување на 70 лица, кои ја поминале ноќта во Чикаго во шатори на рекордно ниски температури, откако им била конфискувана плинската боца на која се грееле.

Во средата една од 100 боци, кои беа донирани за бездомници, експлодирала.

Волтер Шредер, шеф на противпожарната служба на Чикаго, изјави дека таквото количество гас во овие услови претставува закана за безбедноста.

Градот ја известил Армија на спасот, која започна подготовка за преместување на бездомниците во засолниште, дека анонимен добротвор се понудил да ги смести во хотел до крајот на оваа недела.

Само еден човек ја одби понудата и одлучи да оди во засолниште за бездомници.

Температурите во Чикаго во текот на ноќта достигнаа минус 30 степени Целзиусови, а за време на викендот се очекува подобрување на времето.