Чидвел како лев бек

94

Големиот ривал од англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Јунајтед, важи за голем фаворит кога е во прашање потписот на стандардниот првотимец во дресот на Лестер, Бен Чидвел.

Офанзивниот лев бек важеше за голема желба и на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, но „граѓаните“ се откажаа од намерата да ги осигурат неговите услуги. Чидвел ќе ја добие потребната дозвола за да се пресели на „Олд Трафорд“ само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 50 мил. фунти.