Чешка полиција: Закани за вооружени напади на училишта

146

Чешката полиција денеска соопшти дека презема мерки за заштита на некои училишта во земјата откако добила информации дека постои закана за вооружени напади на тие установи.

Полицијата во соопштение на Твитер не прецизира кои училишта се во прашање, туку само наведува дека го зголемила бројот на своите припадници во близина на загрозените училишта.

Исто така, полицијата наведува дека училиштата се известени за заканите од вооружени напади.