Чешка и испраќа на Полска помош од 150 војници на границата со Белорусија

39

Чешката Влада во оставка денеска одлучи да испрати 150 војници на три месеци во Полска, на границата со Белорусија, за да помогнат во обезбедувањето на надворешната граница на Полска, во исто време, на Европската унија со цел на неа да не се отвора нова источна мигрантска рута, изјави чешкиот министер за одбрана Лубомир Метнар.

– Очекувам дека оваа мисија во Полска ќе биде одобрена од чешкиот Парламент до крајот на следната недела. После тоа, првите војници би можеле да заминат. Тие би можеле да се сменат на 14 или еден месец. Чешките војници нема да вршат задачи директно поврзани со запирање мигранти и натамошното справување со мигрантите, изјави министерот Метнар по владината седница.

Чешкиот министер за надворешни работи Јакуб Кулханек ја објасни помошта на Чешката Република за Полска со тоа што режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко цинично ги злоупотребува мигрантите и се обидува да го поткопа единството на ЕУ преку организирање миграција од Блискиот Исток и Африка преку Белорусија.