Американскиот медиум „ЕСПН“ постојано спроведува бројни анкети, аналитичарите даваат свое мислење, додека навивачите се поделени во два табора.

Четвртиот НБА прстен, кој Леброн Џејмс го освои оваа година, ја подели јавноста поради вечната дилема – Леброн или Џордан?

Сепак, поради доминацијата која ја има Леброн изминативе две децении, многумина сметаат дека токму тој е подобар од поранешната легенда на Чикаго, а новинарот Ник Вајт издвои четири причини зошто е тоа така.

Џордан беше губитник сè додека не го запозна Пипен

Податоците велат дека Џордан не играл ниту едно конференциско финале се до 1988 година, кога Пипен се појави како дебитант во Чикаго. Тој бил елиминиран со својот тим во првата фаза од плејофот во 1984, 1985 и 1986 година, а во сите тие години немал ниту позитивен однос во регуларниот дел од сезоната. До пристигнувањето на Пипен, тој забележал 108 победи, но претрпел дури 138 порази.

Џордан никогаш не го победил Лери Бирд во плејофот

Во осумдесеттите, кога Џордан пристигнал во НБА, лигата била натпреварување во кое имало две клучни имиња, Селтикс и Лејкерс, додека останатите беа само просечни клубови. Тоа било ривалство помеѓу Лери Бирд и Меџик Џонсон. Во првите неколку години Џордан никогаш не успеал да го победи Бостон, никогаш не славел против Бирд. Тој загубил со 3-0 во плејофот во 1986 година, а со истиот резултат завршил соодносот и во 1987 година.

Џордан има негативен однос против три супер екипи на Истокот – Бостон, Орландо и Детроит

Ривалството на Чикаго со Пистонс е нешто неверојатно. Детроит дури трипати ги нокаутираше Чикаго и Џордан, во 1988 година со 4-1, во 1989 година со 4-2 и во 1990 година со 4-3. Џордан победи дури во 1991 година со 4-0, по што кошаркарите на Детроит го напуштија паркетот без да се поздрават со „биковите“. Кога ќе се соберат тие коефициенти и оние против Бостон и Орландо, учинокот на Џордан во плејофот против овие тимови е 2-6. Исто така, освен Селтикси, никој од гореспоменатите тимови немаше повеќе од еден играч на „Куќата на славните“. Тоа доволно кажува против каква конкуренција играше Џордан.

Во ерата на Џордан, многумина победуваа, од Џабар, Бирд и Меџик, па се до Ајзеа и Олаџувон

Иако на многумина не им изгледа реално со оглед на тоа што Џордан играше шест финалиња и го зеде прстенот во сите нив, имаше многу други кошаркари во неговата ера кои ги освоија прстените. Лејкерс и Селтикс освојуваа, подоцна Детроит и Хјустон, кои го искористија фактот дека Џордан отиде да игра бејзбол.