Првото место на Наоми Осака во пласманот на ВТА ранг листата може да го загрозат четири тенисерки по завршувањето на „Ролан Гарос“, објавено е на официјалната веб-страница на Грен слемот во Париз.

Јапонката сигурно ќе го одбрани врвот ако стигне до финалето.

На лидерската позиција по парискиот Опен може де се искачат Каролина Плишкова (Чешка), Петра Квитова (Чешка), Кики Бертенс (Холандија) и Анџелик Кербер (Германија).

Плишкова за да стигне до првата позиција на ВТА листата треба да стигне до финалето на турнирот, а Јапонката да е најдалеку до полуфиналето, тогаш ја освојуваат титулата. Ако во финалето Плишкова игра со Квитова, тогаш победничката на овој меч ќе биде прва.

За Бертенс услов е да стигне до финалето, но ако Осака успее да стигне до осминефиналето, тогаш Холанѓаната ќе мора да победи на турнирот. Ако во финалето се сретне со Квитова, тогаш победникот на овој меч ќе биде прв светски рекет.

Квитова ќе биде прва ако победи на турнирот, а Осака не стигне до полуфиналето.

Ситуацуија за Кербер да е прва по Ролан Гарос е таа да го освои турнирот, а во исто време Осака да не стигне до четвртфиналето.