Унгарскиот ракометен гигант Веспрем не успеа да дојде до медал на завршниот турнир во Лигата на шампионите, но во таборот на Момир Илиќ доаѓаат дури четири големи засилувања кои ќе се приклучат на тимот од сезоната 2023/24.

Францускиот пивотмен, Лудовик Фабрегас ќе замине од таборот на Барселона по пет сезони и две европски титули, за да заигра за Веспрем. Фабрегас се реши за нова авантура во Унгарија по крајот на следната сезона.

На левата крилна позиција доаѓа одличниот Уго Деска од Монпелје. Десната бековска позиција ќе ја засили Лукас Сандел кој доаѓа од Алборг и потпиша со формулата 2+1 години.

Четврто ново име за Илиќ ќе биде Агустин Касадо од Мешков Брест. Шпанскиот репрезентативец настапува на средната бековска позиција и парафира двегодишна соработка со Веспрем.