Олимписката вицешампионка во маратон, Јанис Кирва, е суспендирана на четири години поради допинг. Единицата за интегритет во атлетиката соопшти дека суспензијата ќе и истече на 7 мај 2032 година, кога Кирва ќе има 39 години. Таа е родена во Кенија, но ја промени националноста и го претставуваше Бахреин на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, Бразил.

Имено, таа ќе го задржи сребрениот медал освоен на Олимпијадата од 2016 година, бидејќи поништени и се резултатите во периодот од 1 април до 7 мај. Кирва во Рио заврши втора зад Кенијката Џемиме Сумгонг, која подоцна исто така беше „уловена“ во допинг скандал и утврдено е дека ги лажела истражувачите.

Помладиот брат на Јанис, Феликс Кирва, пак, е суспендиран на девет месеци откако беше позитивен на забранетата супстанциjа „стрихнин“.