Четворица новозаразени од коронавирусот во Кичево

67

Од вкупниот број новорегистрирани случаи на КОВИД-19, четири лица се од Кичево.Со ова, во општина Кичево, вкупниот број порасна на 44. Од оваа бројка 38 се активни случаи, петмина граѓани се излекувани, додека едно лице почина.

-Новозаболените се лица од познати кластери, а поради лесна клиничка слика поголемиот дел инфицирани се наоѓаат на домашно лекување и во изолација. Помал помал дел се на инфективното оделение во Битола , информира Емин Насуфи од кризниот штаб при општина Кичево.

Тој додаде дека општинскиот кризен штаб будно ја следи состојбата, за да не дојде до забрзан пораст на новоинфицирани од КОВИД-19. Останува, вели, и апелот за придржување кон мерките за заштита од коронавирусот.