Чернобил: Видео од дрон од срцето на нуклеарната катастрофа

847

Човек по име Ворен Урбексинг со години чекал на дозвола да го сними градот Припјат, познат по тоа што беше срцето на нуклеарната катастрофа од 1986 година.

Минатиот месец конечно добил дозвола и со својот дрон забележа неверојатно кадри.

Низата експлозии во нуклеарната електрана Чернобил се случи на 26 април пред 33 години. Оваа несреќа се смета за една од најголемите еколошки катастрофи во историјата.

Евакуацијата на населението не започнала веднаш истиот ден туку по два дена. Над 100 илјади жители се евакурани од Припјат, а последиците од зрачењето ги почувствуваа милион луѓе.

Најмалку 500 илјади од вкупно два милиона луѓе кои се прогласени за жртви на катастроофата до сега починаа. Во првите неколку години по експлозијата починаа околу 35 илјади луѓе кои учествуваа во чистењето на електраната. Сите умреа од рак.