Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација, Хрватот Лино Червар, беше шокиран од одлуката на легендарното крило на хрватскиот шампион ППД Загреб, Златко Хорват, кариерата да ја продолжи во Металург.

Лино Червар му беше тренер на Хорват во ППД Загреб, ја водеше репрезентацијата на „коцкестите“ од 2009 до 2017 година, а беше и тренер на македонскиот Металург во најдобрите времиња.

-Искрено, многу ме изненади одлуката на Златко, но очигледно е дека во клубот влегол некој нов спонзор. Сега имаат пари и донесоа неколку добри играчи. Очигледно дека Хорват таму замина заради добрата понуда, не гледам друга причина да го напушти ППД Загреб,изјави Червар за хрватскиот портал „24 часа“.