Ченто добива нов парк на површина од 5.000 квадратни метри

75

Утрово заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП „Паркови и Зеленило“ Ангеле Сотировски, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски означи почеток на градба на новиот зелен парк во населба Ченто.

Паркот ќе содржи нови зелени површини со поставен систем за наводнување како и нови дрвја и вегетација, а се предвидува и флористичко збогатување на просторот.
Изградбата на паркот се врши на улица „Јужноморавски бригади“ на просторот позади спортската сала. Овој простор често во минатото беше место за диво депонирање на отпад, а денес на негово место се гради голем зелен парк.

– Изминатиот период извршивме реконструкција на паркот спроти средното училиште „Панче Арсовски“, градиме мултифункционален парк во Триангла, се подигаат нови зелени површини, засадени се над 4.000 нови садници но сето ова е само почеток. Следуваат години на развој на нашата Гази Баба – велат од општина Гази Баба.