Челси го доби првиот натпревар под водство на Лампард во шампионатот на Англија

77

Во натпревар од 3.коло на шампионатот на Англија, Челси попладнево на гостински терен го совлада Норвич со 3:2. Оваа победа беше прва за „сините” оваа сезона, воедно и прв успех на официјалните натпревари под водство на тренерот Френк Лампард.

Стрелци на головите за гостите од Лондон беа Абрахам два (3 и 68.минута) и Маунт (17).

За Норвич погодија Кенвел во 6 и Пуки во 30. минута.

По три натпревари Челзи има 4 бода, Норвич остана на 3.