Европскиот фудбалски шампион, екипата на Челзи, ова лето се обиде да го донесе Џулис Кунде од Севилја, но договорот не успеа. Премиерлигашот понуди 50 милиони евра плус дополнителни бонуси, но Шпанците не го прифатија тоа и инсистираа Челзи да плати 75 милиони евра, колку што изнесува клаузулата во договорот на Кунде. Договорот беше обиден па на крај Французинот остана во Севилја.

Но, „Дејли мејл“ тврди дека Челзи ќе се обиде повторно да доведе стопер во текот на летото, но дека сега размислуваат за трансфер на Матијас Де Лихт од Јувентус. Младиот 22-годишен Холанѓанец не се покажа во Јувентус како што се очекуваа од него, а Тухел го гледа како идеално решение за неговиот моќен состав.

Де Лихт има договор со Јувентус до летото 2024 година, но следната година ќе може да се активира неговата клаузула од неверојатни 150 милиони евра. Англичаните пишуваат дека се ќе зависи од тоа дали Антонио Рудигер ќе го продолжи договорот, кој истекува на крајот на оваа сезона или не. За Германецот постои интерес од Баерн, ПСЖ и Реал и доколку замине, наводно Челзи ќе тргне по Де Лихт.

Лондонскиот клуб ова лето остана без Курт Зума, Тиаго Силва веќе има 37 години, а можно е и Рудигер да си замине следното лето. Затоа Челзи ја разгледува опцијата да ги купи и Кунде и Де Лихт (двајцата имаат по 22 години) и на тој начин да го реши проблемот со стоперите на долги патеки. Резервни варијанти се Маркињос од ПСЖ и стоперот на Баерн, Никлас Зиле.