Челзи подготви 330 мил. евра за новите засилувања

140

Американскиот милијардер, Тод Боели, до крајот на месецот и офцијално ќе биде преставен како нов сопственик на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Челзи. Новото раководство планира во следните неколку сезони да потроши околу две милијарди евра на новите засилувања, пренесуваат британсите медиуми. Веќе не е тајна дека лондонскиот премиерлигаш планира за време на летниот преоден рок да направи сериозна реконструкција на тимот затоа што само така „сините“ ќе можат да му се спротистават на Манчестер Сити и на Ливерпул во борбата за шампионската титула.

Новинарот на BeIN Sports, Ричард Кеис, тврди дека новиот сопственик сака костурот на тимот да биде составен од англиски фудбалери кои ќе бидат приоритетни за време на летниот преоден рок. Кеис додава дека Челзи ќе направи се што е во негова моќ за да во секоја линија најмалку по еден репрезентативец на Англија.

На крајот од актуелната сезона дури четири дефанзивци ќе ја напуштат клупската соблекувална. Адрес Кристенсен има договор со Барселона, Антонио Рудигер се одлучи за Реал (М), а низ излезната врата ќе поминат и шпанските интернационалци, Маркос Алонсо и Цезар Аспиликуета.

Менаџерот на „сините“, Томас Тухел, сака да игра со тројца централи дефанзивци. Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер е најголемата желба на новиот сопственик. Мегваер треба да биде партнер на Тијаго Силва и на Тревор Чалоба. „Црвените ѓаволи“ го купија Мегваер од Лестер за 87 мил. евра, а Челзи е подготвен да понуди околу 60 мил. евра. Британските медиуми се убедени дека Англичанецот ќе добие зелено светло за преселба на „Стемфорд Бриџ„ затоа што новиот менаџер на Јунајтед, Ерик тен Хаг, планира да направи сериозна реконструкција на тимот ова лето.

Втора мета на Челзи е најдобриот фудбалер на Вест Хем, Деклан Рајс, кој според челниците на популарните „чекани“ вреди астрономни 175 мил. евра. Челзи во средниот ред ги има Матео Ковачиќ, Жоржињо и Н’Голо Канте, но големи се шансите францускиот интернационалец да си замине. Одличниот играч за врска важи за голема желба на раководните лица на ПСЖ.  Жоржињо цела сезона има проблеми со повредите и затоа Рајс ќе има поголема предност од Италијанецот во средниот ред.

Бен Чилвел треба да биде подготвен за новата сезона во која ќе биде замена за Маркос Алонсо на левата бековска позиција, а голема промена треба да се случи во напаѓачката линија. Изминатото лето Ромелу Лукаку беше купен од Интер за 113 мил. евра, но поголемиот дел од сезоната го помина на клупата за резервни фудбалери. Искусниот напаѓа не крие дека сака да си замине, а веќе има добиено зелено светло од германскиот стручњак.

Англиските медиуми се убедени дека капитенот на Тотенхем, Хари Кејн, е приоритет кога е во прашање напаѓачката линија. Истите извори додаваат дека репрезентативецот на „Гордиот Албион“ ќе биде достапен за 120 мил. евра. Германскиот интернационалец Тимо Вернер треба да биде негов партнер во нападот.