Челзи е во хаос, играчите се расправаат, а Тухел бара алиби

171

Иако до самиот крај на 2021 година беше при самиот врв од табелата, Челзи во 2022 година нема забележано нити една првенствена победа и ако продолжи со ова темпо, сигурно ќе ја загрози и позицијата која гарантира пласман во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Тимот предводен од Томас Тухел нема победа на последните четири натпревари, за раслика од директните ривали кои грабат со крупни чекори кои местата кои водат во ЛШ.

Градскиот ривал Тотенхем игра одлично, има осум бода помалку, но и четири натпревари помалку во споредба со Челзи. Арсенал има девет бода помалку и три натпревари помалку, Јунајтед со среќниот триумф против Вест Хем покажа дека нема толку лесно да се откаже од третата или четвртата позиција на табелата.

Дека лондонските „сини“ се во голема криза беше потврдено пред неколку дена кога четата на трофејниот германски стручњак освои само еден бод (1:1) на гостувањето кај Брајтон. Тухел имаше многу проблеми со короната, но и другите тимови го имаат истиот проблем и затоа смртоносниот вирус не може да му биде некакво алиби.

„Дејли Мејл“ пишува дека во Челзи владее голем хаос, а тоа се виде и за време на полувремето од дуелот против Брајтон. Камерите ги снимија Зијеш и Лукаку како се расправаат и покрај минималната предност од 1:0. Британскиот таблоид тврди дека тензиите во тимот се на највисокото можно ниво, а Зијеш не го ни прослави како што треба водечкиот погодок.

  • Недостатокот на хармонија во тимот е се повеќе и повеќе видлив, а за тоа голем удел има интервјуто кое Лукако го даде за италијанските медиуми и во призна дека е незадоволен и јавно ја критикуваше тактиката на Тухел. Расправијата помеѓу Зијеш и Лукаку е јасен сигнал дека тимот се распаѓа пред најважниот дел од сезоната, пишува „Дејли Мејл“

По натпреварот, Германецот изјави дека станува збор за нормална расправија и додаде дека му е мило кога играчите не се задоволни од тоа кое го прикажале на зелениот терен. Англиските медиуми му замеруваат на Тухел дека бара премногу алиби за лоште резултати и дека мора еднашка јавно да ги критикува фудбалерите затоа што само така ќе ја добие потребната реакција од нив. Германецот се жалеше на короната, повредите и згуснатиот распоред.

  • Наместо критика, Тухел има даде на фудбалерите два слободни дена. Секогаш се обидува да го намали притисокот врз играчите, но тоа може да му се одбие од главата. Постојано се жали, а пред него се најважните натпревари на кои играчите мора да одиграат најдобро што можат, додава „Дејли Мејл“.

Во февруари Челзи за само 22 дена ќе мора да одигра седум натпревари, а тука се и дуелите во Лигата на шампиони и на Светското клупско првенство.