Не губам надеж не ја изгубив вербата во љубов и во брак како институција!

Откако популарната фолк пејачка од Охрид Елена Велевска е разведена, добива се повеќе покани за нов брак. Од сите страни на светот. Но такво нешто ич не ја занима во овој период од животот, можеби изгорена од лошото прво брачно искуство.

– Сега сум многу повнимателна. Не сум подготвена на таков чекор по вторпат. Не сега, не. Работам уште на тоа да се преселам со дечињата во Скопје, бидејќи во Скопје гледам поголема перспектива и за мене и за децата. Не губам надеж и не ја изгубив вербата во љубов и во брак како институција.

Стрплива сум се надевам дека еден ден ќе се појави таков вистински маж што ќе ме заслужи мене…..Искрена е оваа презгодна пејачка по која немирни сништа имаат секогаш многу мажи во Македонија.       Д.М.  фото:ФБ