Кошаркарскиот клуб Црвена звезда побара да се отвори истрага околу смртта на нивниот кошаркар, Мајкл Оџо, кој почина во петокот по срцев удар на индивидуален тренинг, откако оздраве од коронавирусот.

Според српските медиуми, Оџо, кој закрепнувал од ковид-19 немал дозвола од здравствените власти да се врати на тренинзи. Трагичниот Нигериец имал негативен тест на 5 август, а имаше само 28 години. Од белградскиот тим бараат српските власти да направат целосна истрага на случајот.