EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Возачот на Алфа таури, Јапонецот Јуки Цунода, го продолжи договорот со италијанскиот тим во Формула 1 шампионатот до крајот на следната сезона.

Цунода (22) дебитираше во Ф1 пред две години, во тимот на Алфа таури, а за него сезонава вози Французинот Пјер Гасли, кој на крајот од сезоната би можел да се пресели во Алпин.

Холанѓанецот Ник де Вриј, кој го замени болниот Алекс Албон во Вилијамс, на трката во Монца, е еден од кандидатите за нов возач Алфа таури.

Цунода моментално е 16-ти во генералниот пласман на возачи со 11 бода.

  • Откако се преселив во Италија минатата година за да бидам поблиску до фабриката, почувствував дека навистина сум дел од тимот и мило ми е што ќе продолжам да возам за него во 2023 година. Оваа сезона сè уште не е завршена, сè уште се борам и целосно сум фокусиран да ја завршам на високо ниво, а потоа ќе ја чекаме следната година – истакна Цунода.