Кошаркарите на ЦСКА (М) ја освоија осмата титула во Евролига, откако во финалето на ф4 турнирот во Виторија беа подобри од турски Анадолу Ефес со 91:83.

„Московјани“ ја имаа контролата врз резултатот во текот на натпреварот и на крајот сосема заслужено дојдоа до трофејот во најквалитното клупско кошаркарско натпреварување во Европа.

Најзаслужни за триумфот на рускиот тим беа Вил Клајбурн и Кори Хигинс кои постигнаа по 20 поени, додека одлична патрија имаше и Нандо де Коло со 15 коша. На спротивната страна Шејн Ларкин запиша 29 поени.

Претходно, во мечот за третото место Реал Мадрид беше подобар од Фенербахче со убедливи 94:75.