Цртежи и колажи од Росица Лазеска во КИЦ

48

Во Културно-информативниот центар во Скопје (изложбен салон – Империјал 1) од 18 мај во 19 часот ќе биде отворена изложба на цртежи и колажи од ликовниот уметник Росица Лазеска. На изложбата ќе бидат изложени 30 – дела работени во техниките: туш, колаж, пастел, јаглен и пенкало, создадени последниве 3 години.

Лазеска, родена 1956 во Скопје, дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје 1986, а на Факултетот за ликовни уметности, отсек графика во 1992. Од 1992 е член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Во периодот од 1993-1995 работи на изработка на неколку поштенски марки. Има реализирано 14 самостојни изложби во Македонија, Франција и Египет. Од 1991 до 2021 учествувала на повеќе групни меѓународни и домашни изложби: Македонија, Куба, САД, Полска, Холандија, Германија, Италија, Унгарија, Белгија, Франција, Бугарија, а има освоено и повеќе награди.