Канада деновиве ја зафати досега невиден топлотен бран кој однесе и многу животи. Властите соопштија дека досега починале најмалку 233 лица, како последица од екстремно високите температири.

Најсилно погодена е провинцијата Британска Колумбија, каде во градот Литон е регистрирана рекордна температура од 49,6 степени Целзиусови.

Претходниот рекорд беше поставен во минатиот век, во 1937 година со измерени 45 степени.

Експертите предупредуваат дека таквите екстремни температури може да предизвикаат и големи шумски пожари.