Голманот Никола Митревски, пристигна во Дебрецин, имаше солидна партија меѓу стативите во мечот со Црна Гора, но не доволно за да се победи.

-Честитки за победата на Црна Гора, беа подобри, помотивирани и поагресивни. Тие две-три нешта влијаеја на терен и според мене тоа е причината за овој резултат, краток беше Митревски на прес-конференцијата.

Македонија по поразот од Црна Гора нема шанси за втора фаза, а последниот дуел против Данска закажан на 17 јануари ќе биде само за престиж и за искуство.