Црногорски државјанин, член на екипажот на „Дајмонд принцес” заразен е со новиот коронавирус, соопшти Министерството за надворешни работи на Црна Гора.

Во соопштението се наведува дека тестовите потврдиле дека тој е заразен со Ковид-19, но во телефонски разговор со црногорските власти тој соопштил дека се чувствува добро.

Се очекува наскоро да биде префрлен од бродот во болница на копното во Јапонија.

„За новите информации кои се однесуваат на тоа во која болница ќе биде сместен заболениот, јавноста ќе биде дополнително информирана, соопшти црногорското МНР.

Последните патници од крузерот „Дајмонд Принцес”, чии наоди на тестовите биле негативни, денеска го напуштаат тој брод, откако беше прогласен крај на карантинот воведен на 3 февруари.

На бродот, на кој имаше 3.700 патници, кој се наоѓа во карантин во пристаништето Јокохама, Јапонија, забележан е најголем број случаи на Ковид-19 надвор од Кина, при што таа бројка синоќа изнесуваше 634 заболени.

Извор: МИА