Екипата на Тинекс Пролет го официјализираше третото засилување за новата сезона, играчот кој ќе им се приклучи на Томи Јагуриновски и Александар Василевски кои претходно си подадоа рака со македонскиот прволигаш.

Нов член на Пролет е 25-годишниот Данило Михаљевиќ од Црна Гора. Михаљевиќ е голман и ќе треба да ја засили конкуренцијата на оваа позиција на која се Андреј Петковски Матеј Ивановски.

Тој во кариера освен во својата татковина има брането во Хрватска, Србија, Португалија и Полска што значи има собрано доволно искуство, знаење да биде од голема помош за клубот со кој потпиша едногодишен договор.