Додека сите се надеваме дека пандемијата на корона вирусот наскоро ќе исчезне, јасно е дека тоа нема да значи и веднаш старт на спортските првенства кои треба да продолжат.

Сепак, многумина веруваат дека ќе има услови за тоа во текот на летото, но има и песимистички најави.

Можеби најпесимистичката проценка од почетокот на пандемијата ни доаѓа од САД, од локален специјалист за заразни болести, Дин Винслоу.

Тој верува дека до следната година спортските натпревари нема да продолжат, особено најпопуларните, со најголем број гледачи.

  • За жал, мислам дека спортските натпревари кои имаат голем број навивачи ќе треба да се одложат подолго од некои други активности. Жал ми е што го кажувам ова, затоа што исто така сум голем љубител на спортот. Ако попуштиме со мерките за контрола и заштита порано од дозволеното, може да има нов бран на пренесување на инфекцијата на почувствителните луѓе, истакна Винслоу за „Вашингтон пост“.

Слично мислење има и неговиот колега Џарес Еванс.

  • Мора да ја подготвиме јавноста за секое сценарио. И, исто така, да ги подготвиме за разочарување, додаде Еванс.