“Црна листа“: Бред Пит има список на актери со кои никогаш повеќе нема да соработува

202

Бред Пит наводно има список на актери со кои повеќе нема да снима повторно, според неговиот колега од „Експресен воз“ (Bullet Train), Арон Тејлор-Џонсон. Како што се наведува холивудската легенда (58) чува белешки за актери што ги сака и за оние со кои не сака повторно да биде на снимање, исто како и Арон.

„Тој сака да внесе светлина и радост во светот и да биде со луѓе што се таму за да се забавуваат“, рече Тејлор-Џонсон за „Variety“.

„Работите со многу актери и по некое време почнувате да забележувате: дефинитивно, никогаш повеќе нема да работам со оваа личност“.

Тејлор-Џонсон исто така откри дека Пит сака да глуми со Сандра Булок и Џои Кинг.

Една од актерките на „добрата листа“ е Сандра Булок, која заедно со Пит глуми во филмот „Bullet Train“.

А, Бред се надева дека тој и неговаста „стара пријателка“, која исто така има 58 години, повторно ќе соработуваат во иднина.

– Сенди (Сандра Булок) е стара пријателка. Таа е личноста која би можела да ја повикам за услуга низ годините и тоа сум го направил многу пати и таа е секогаш тука – изјавил актерот во едно интервју, а пренесува „Дејли мејл“.