Ракометарите на Црна Гора приредија уште едно изненадување во групата А од Европското првенство во Унгарија и Словачка и ги продолжуваат настапите на континенталниот собор.

Во директниот дуел за второто место, кое носи главна фаза, Црна Гора ја намачи фаворизираната Словенија и на крај славеше во трилер-завршницата со 33:32 и за првпат во историјата ја минува првата групна фаза на едно ЕП.

Човек на одлука за Црнофгорците беше голманот Симиќ, кој успеа да одбрани три седмерци во последните пет минути од натпреварот.