Црна Гора рекордер во Европа по број на заразени на 100 илјади жители: Погребот на Амфилохие, жариште на заразата

390

Црна Гора има рекордна стапка на дневно заразени на 100.000 жители и се наоѓа на третото место во светот, пишува италијански „Кориере дела сера“. Претпоставуваат дека тоа се должи на неодамнешниот погреб на митрополитот црногорско-приморски, Амфилохије, во Подгорица, на кој присуствуваа неколку илјади граѓани.

Неговиот погреб стана жариште на заразата, бидејќи граѓаните го бакнуваа телото на починатиот патријарх, не носеа маски и не држеа дистанца. На тој погреб беше присутен и патријархот на Српската православна црква Иринеј, кој почина во петокот, а вчера, на неговиот погреб во Белград беа видени слични сцени како во Подгорица.

Но, од пролетта, Црна Гора е епицентар на инфекции: денес е втора земја во Европа според бројот на нови случаи на 100 илјади жители, и трета во светот.