Црна Гора повторно воведува полициски час

143

Во црногорските градови Никшиќ, Беране и Андријевица, од понеделник 28 септември, па сè до 12 октомври, забрането ќе биде напуштањето на објеттите за домување од 22 до 5 часот, а забранета ќе биде и работата на угостителските објекти, како и домашните посети.

Институтот за јавно здравје денес го објави списокот на кумулативна инциденца на ковид-19 за локалните самоуправи од 12 до 25 септември, врз основа на што ќе се применуваат нови мерки на Националното координативно тело од понеделник.

Според последните податоци на Институтот за јавно здравје во Црна Гора, три лица починале од последиците на вирусот корона во последните 24 часа, а регистрирани се 235 нови случаи. Во моментов има 3671 активен случаи.