По заминувањето на Зоран Рогановиќ, раководството на Црногорската ракометна федерација го избра новиот предводник на сениорската репрезентација. Станува збор за Хрватот Владо Шола, кој за месец дена ќе има голем предизвик бидејќи Црна Гора ја очекува двомеч со Словенија во квалификациите за ЕП 2024 година.

Шола во тренерската кариера ги водеше женскиот тим на Звезда Звенигород, потоа машките клубови Загреб, Пекинг Универзитет, Дубрава, Ал Духаил, Дуго Село…а во два наврати беше дел од стручниот штаб на Хрватска.