Црна Гора денеска избира претседател

37

Граѓаните на Црна Гора денеска избираат претседател на државата меѓу седуммина кандидати.

Избирачките места се отворени од 7:00 до 20:00 часот, а право на глас имаат 542.154 граѓани.

Кандидатите на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ, Демократскиот фронт (ДФ) Андрија Мандиќ, демократот Алекса Бечиќ, Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ, лидерот на Обединета Црна Гора (УЦГ) Горан Даниловиќ, пратеник на Социјалдемократската На изборите учествуваат партијата Драгиња Вуксановиќ Станковиќ.(СДП) и инфлуенсерот Јован Радуловиќ.

Ова се четврти претседателски избори од обновувањето на независноста на Црна Гора и осми од воведувањето на повеќепартискиот систем.

За претседател на Црна Гора ќе биде избран кандидатот кој ќе добие повеќе од половина од важечките гласови на гласачите кои гласале.

Доколку ниту еден кандидат не го добие потребниот број гласови, вториот круг од изборите ќе се одржи за 14 дена, односно на 2 април.

Во вториот круг учествуваат двајцата кандидати кои освоиле најголем број гласови.

Претседателот ќе се избира за петгодишен мандат.