Црна Гора:Највисоката плата во март изнесувала околу 115.000 евра, просечната од 700 евра

155

Највисоката бруто плата во март годинава во Црна Гора изнесува 115.250 евра, а тоа е плата на вработен во секторот за компјутерско програмирање, објави порталот РТЦГ.

Според порталот на Управата за приходи и Царина на Црна Гора, во текот на март 2022 година, 10-те најголеми бруто плати – плати со даноци и придонеси – се движеле од 52.667 евра до 115.250 евра.

„Тие плати се исплатени во следните дејности – компјутерско програмирање, друго парично посредување, авиопревоз на патници, консултантски дејности поврзани со бизнисот, екстракција на сурова нафта“, покажуваат податоците на Управата.

Порталот потсети дека според податоците на Заводот за статистика – Монсат, просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во текот на март била 704 евра, а просечната бруто плата 868 евра.

Споредено со платите од февруари, мартовските плати се пониски за 0,3 отсто, додека во однос на март лани се повисоки за 33,8 отсто.