Македонската кошаркарска репрезентација со пораз ги стартуваше квалификациите за Европското првенство 2021 година, откако на домашен терен претрпе пораз од селекцијата на Естонија со 81:72.

Клучен период за овој пораз против директниот ривал за посакуваното трето место кое води на континенталниот собир (бидејќи Италија е директно пласирана поради домаќинството) беше втората четвртина, која за загубивме со катастрофални 25:5. Дури и најголемите скептици не очекуваа дека нашите ќе имата ваков ужасен старт на средбата на домашен терен против Естонија, откако противникот буквално нѐ згази во првото полувреме по кое има водство од дури 22 поени (45:23).

Се потоа беше далеку полесно за противникот, „црвено-жолтите“ полека ја топеа негативата, но не успеаја да дојдат до пресврт.

Најефикасен во победничкиот тим беше Војдан Стојановски со 26 поени, додека Шејн Витингтон и Ненад Димитријевиќ реализираа по 15 коша. На спротивната страна убедливо најдобар беше Кристијан Куламае со дури 29 поени.

Македонскиот состав ќе нема премногу време за тагување, без разлика на тежината на поразот, бидејќи веќе утре рано наутро ќе тргне кон Софија, а оттаму кон Москва и Перм каде што в недела ќе и гостува на Русија.