Црвен Крст Делчево со едукативни работилници за прва помош и заштита од Ковид-19 вирусот

34
Волонтерите од делчевскиот Црвен крст, одржаа едукативни работилници на тема „Прва помош“ и „Заштита од вирусот Ковид-19“. Активноста, како што информираа е дел од акциониот план од проектот „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби”.
-Како дел од акциониот план од овој проект кој е поддржан од Комерцијална банка, темата на работилницата беше „Есен” во чии рамки корисниците на услугите на Дневниот центар во Делчево и нашите волонтери, изработија цртежи на оваа тема. Настанот се реализираше со почитување на протоколите за заштита од вирусот Ковид-19, информираа од делчевскиот Црвен Крст.
Од Општинската организација на Црвен крст Делечво додадоа дека претходно слични активности се реализирале и со делчевските пензионери.
-За таа цел волонтерите при ООЦК Делчево на старите лица ширум градот поделија информативни флаери за заштита од Ковид 19, заштитни маски, Витамин Ц и парацетамол со цел навремено да се превенира од заразување со Ковид 19 и сезонските настинки, додадоа од Црвен крст Делчево.
Своите активности Црвен крст Делчево како што додадоа ќе ги продолжи со крводарителска акција која че се одржи наредниот четврток, а за чие учество ги повикаа сите крводарители и ученици кои наполниле 18 години да ја покажат својата хуманост и да датуваат крв, со цел да спасат човечки живот. Во рамки на крводарителската акција, како што додадоа ќе се применуваат сите протоколи и препораки за заштита од Ковид-19, а за крводарителите ќе има симболични подароци.
Извор:МИА