Црвен крст – Делчево со акција за заштита на граѓаните од топлото време

81

Општинската организација на Црвен крст Делчево реализираше превентивна акција за поддршка на возрасната категорија граѓани во насока на справување со топлотниот бран кој ја зафати земјава.

Акцијата како што информираа волонтерите од Црвен крст се реализираше на градскиот пазар во Делчево.

-Денес волонтери од Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Делчево реализираа теренски активности во насока на справување со топлински бранови. За посетителите на градскиот пазар поделивме шишиња вода и флаери, а со овие активности се вклучуваме во делот на заштита на здравјето на граѓаните од нашиот град, истакнаа од Црвен крст Делчево.

Имајќи предвид дека се најавени уште повисоки температури, од Црвен крст Делчево апелираа до постарите граѓани да не излегуваат без потреба од домовите.

-Воедно апелираме до сите оние кои имаат потреба од наша помош во текот на летните горештини да не побараат,се со цел да им помогнеме да не се изложуваат непотребно на топлото време, додадоа од Црвен крст Делчево. Вакви слични акции како што најавија од делчевскиот Црвен крст, ќе бидат организирани и понатаму во текот на летото.