Црвен картон поради курс по жонглирање

73

Големиот фаворит за шампионската титула во англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Сити, со многу среќа ја доби заостаната првенствена пресметка против екипата на Астон Вила. Дуелот на „Итихат“ заврши со триумф на „граѓаните“ од 2:0, кои само неколку часа беа први на првенствената табела. Неколку часа подоцна, градскиот ривал, Манчестер Јунајтед, со минимални 2:1 ја доби пресметката против Фулам и се врати на лидерската позиција.

Освен по погодоците на Бернардо Силва и Илкај Гундоган, дуелот во Манчестер ќе биде запаметен и по црвениот картон кој го доби менаџер на Астон Вила, Дин Смит. Предводникот на гостинскиот тим буквално збесна откако главниот судија не покажа офсајт ситуација при првиот погодок на Сити.

  • Мислев дека ќе ја погледне снимката на ВАР. Видов што се случува и го прашав четвртиот судија дали добиле курс по жонглирање за Божиќ. Што се однесува до вториот гол, и тоа е смешно. Топката испратена со глава погоди некој во рака, но тоа не е игра со рака. Смешно. Не покажавме доволно квалитет против силен противник. Знам како им е на сите во земјата и затоа не можам да кажам дека на моите фудбалери им е тешко што беа 10 дена во изолација, кога некои луже живеат девет месеци на таков начин, изјави Смит.