Актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Ливерпул, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на офанзивниот бек од редовите на шпанскиот прволигаш Валенсија, Феран Торес.
Благодарение на одличните игри во актуелната сезона, младинскиот репрезентативец на Шпанија го привлече и вниманието на раководните лица на Јувентус, Реал (М), Барселона, Баерн (М) и Манчестер Јунајтед. Од неговата продажба, челниците на Валенсија очекуваат заработка не помала од 50 мил. евра.