„Црвено-црн“ дрес за Пелегри

58

Италијанскиот интернационалец од редовите на францускиот прволигаш Монако, Пиетро Пелегри, ќе биде најновата летна аквизиција на калчо гиганто Милан. Фудбалските медиуми на Апенинскиот полуостров открија дека 20-годишниот напаѓач актуелната сезона ќе ја одработи како позајмен фудбалер, а челниците на Милан ќе имаат право да го откупат неговиот договор за 6 мил. евра. Монако ќе заработи милион евра за едногодишната позајмица на Италијанецот.