Црвениот крст донира 600.000 денари за градот Драч

68

Во рамки на проектот „Соседите помагаат први“, Црвениот крст на Македонија ќе донира 600.000 денари, како првична помош на градот Драч.

– Во контакт сме со Црвениот крст на Албанија од утринските часови. Од нив добивме список за нивните потреби. Понудивме наши обучени луѓе – спасители, кои се подготвени веднаш да заминат заедно со претставници од Дирекцијата за заштита и спасување. Подготвивме хуманитарна помош во ќебиња, вреќи за спиење и душеци од резервите на Црвениот крст. Покрај одобрените 600.000 денари, ќе ги активираме и телефонските броеви за донации од граѓани и други заинтересирани, како и сметката на фондот за солидарност. Наредните денови планираме пошироки активности за собирање на помош- рече Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст на Македонија.