Црвена Звезда го доби првото засилување во зимскиот преоден рок. Српските медиуми пишуваат дека Секу Саного пристигнува меѓу „црвено-белите“ на едногодишна позајмица од Ал Итихад.

Опцијата за откуп на неговиот договор во наредната зима останува актуелна, иако се шпекулира дека саудискиот клуб нема да прифати да се откаже од фудбалерот на таков начин, туку ќе оди на наддавање и чекање на најбогата понуда.

Српскиот клуб се обврза да поднесе дел од платата на последниот играч за врска во Саудиска Арабија, кој заработуваше 2,5 милиони евра по сезона. Или преведено во бројки, белграѓани ќе платат вкупно 610.000 евра за услугите на интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска.