Русинот Данил Медведев и Гркот Стефанос Циципас се пријавија за учество на турнирот ов Вашингтон кој треба да почне на 14 август. Ова ќе биде првиот турнир по продолжување на сезната, откако истата бепе прекината заради пандемијата со коронавирусот.

Медведев и Циципас се најзвучните имиња на овој турнир, а од играчите кои се во Топ 10, пријавен е уште Белгиецот Давид Гофан.

На прелимераната листа се уште Роберто Баутиста, Диего Шварцман, Карен Хачанов и Денис Шаповалов.

Интересот за овој турнир не е голем, бидејќи во САД се уште е сериозна ситуацијата со пандемијата со коронавирусот