Грчкиот тенисер Стафанос Циципас, се пласира во полуфиналето на првиот грен слем турнир Австралија опен, откако во четвртфиналето лесно го исфрли Јаник Синес со 6:3, 6:4, 6:2. Во полуфиналето Циципас ќе го чека подобриот од дуелот на Ожер-Алијасим и Данил Медведев.

Дениел Роуз Колинс и Ига Швјонтек го формираа вториот полуфинален пар на Австралија Опен во женска конкуренција Американката одигра сигурно против Ализ Корнет и без загубен сет со 2:0 за час и половина се радуваше на триумф. Аутсајдерката Каиа Канепи ја измачи и измори Ига Швјонтек, но со 2-1 тенисерката од Полска дојде до славје. Полуфиналните средби се закажани за утре. Мадисон Кејс ќе ја предизвика Ешли Барти на „Род Лејвер Арена“ во 09:30 часот, додека по крајот на тој дуел е закажана пресметката на Дениел Колинс и Ига Швјонтек.