Ципрас и Заев ќе добијат награда Ewald von Kleist

123

Премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев ќе имаат средба на маргините на Минхенската безбедносна конференција што ќе се одржува од 15 до 17 февруари, објави грчки Катимерини.

Заев и Ципрас, како признание за нивните напори за решавање на долгогодишниот спор, во Минхен ќе ја добијат престижната награда Ewald von Kleist која се доделува како признание за мир и решавање на конфликти.

Претседателот на конференцијата, Волфганг Ишингер неодамна на неговиот официјален Твитер профил, по ратификувањето на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, напиша дека „двајцата премиери ќе бидат поканети на 16 февруари во Минхен да ја примат престижната награда“ за време на 55-та конференција.

Инаку, наградата се доделува од 2009, а меѓу досегашни добитници се Хавиер Солана, Јоаким Гаук и ОБСЕ. Портпаролот на Минхенската безбедносна конференција потврди дека и Заев и Ципрас ја прифатиле поканата.